Собранието треба да ги разгледа барањата за одземање на имунитетот на шест пратеници

29.11.2017 08:39

Барањата од судот вчера се пристигнати во Собранието, но се чекаше на претседателот на Парламентот Талат Џафери да се врати од патувањето во Шведска. Според собранискиот деловник, Џафери треба га проследи барањата до претседателот на Комисијата за деловничко и мандатно имунитетни прашања...

Комисијата за деловничко и мандатно имунитетни прашања се очекува денеска да расправа за барањето на Кривичниот суд за одземање на имунитетот за шестмина пратеници, кои обвинителството ги товари за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста на државата, а во врска со насилствата во Собранието на 27-ми април годинава.

Барањата од судот вчера се пристигнати во Собранието, но се чекаше на претседателот на Парламентот Талат Џафери да се врати од патувањето во Шведска. Според собранискиот деловник, Џафери треба га проследи барањата до претседателот на Комисијата за деловничко и мандатно имунитетни прашања Павле Богоевски, кој треба да закаже седница на која треба да се одлучува по нив. Богоевски вчера најави дека седница ќе закаже веднаш штом го добие известувањето од претседателот на Парламент.

Неколкумина пратеници се меѓу 36 лица кои Основното јавно обвинителство ги гони за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, во врска со настаните од 27 април годинава во Собранието на Република Македонија.

Полицијата по наредба на ЈО вчера утро го приведе поранешниот министер за внатрешни работи и директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков. Освен него, беа приведени и пратениците кои ги отворија вратите на Собранието, како и дел од организаторите на протестите, Крсто Муковски, Сашо Василевски, Жаклина Пешевска, како и поранешниот директор на МОБ Игор Дурловски, актерите Владо Јовановски и Борис Дамовски, Богдан Илиевски, Горан Ангелов Ќосето кои се само дел од приведените.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција информираше дека е отворена истражна постапка против 36 лица вмешани во собраниските настани од 27-ми април..