Нова провокација на Пјонгјанг
Државниот медиум во Пјонгјанг соопшти дека е завршена мисијата Северна Кореја да стане нуклеарна држава.

Северна Кореја успешно тестираше нов тип на интерконтинентален балистички проектил кој може да стигне до целата континентална територија на САД. Државниот медиум во Пјонгјанг соопшти дека е завршена мисијата Северна Кореја да стане нуклеарна држава.
„Северна Кореја сака да добие признание за држава која поседува нукеларно оружје и да им се спротивстави на САД и меѓународната заедница со повисок статус. Властите се обидуваат да ја комплетираат ракетната програма. Доколку се откаже од оружјето и седне на маса на дијалог, ние ќе прифатиме разговори“, изјави Ли Нак-Јон, премиер на Јужна Кореја.
Проектилот Хвасонг- 15 на височина од 4,475 киометри прелета 950 киломтери за 53 минути, спроед проценките на војската од Јужна Кореја. Овој пат, немаше движење над јапонска територија. Веднаш по најновото тестирање, Сеул возврати со истрелување на свој проектил.