Северна Кореја се прогласи за нукеларна велесила
Вонредна седница во Советот за безбедност на Обединетите нации поради најновата провокација од Ким Јонг-Ун. Успешно е тестиран нов тип балиситчки проектил со домет до копното на САД. Северна Кореја се прогласи за нукеларна велесила...

По пауза од два и пол месецa, Северна Кореја повторно истрела балистичка ракета со долг дострел која може да стигне до целата континентална територија на САД. Државниот медиум во Пјонгјанг соопшти дека е завршена мисијата на Северна Кореја да стане нуклеарна велесила. Народот на улиците му даде поддршка на својот лидер Ким Јонг-ун, кој го збогати воениот арсенал со уште еден тип на проектил.
„Се чувствувам силно. Успехот на Хвасонг-15, по тестирањето на четиринаесетката, им покажува на Америка и на светот колку е моќна нашата војска.“
„Успешниот тест на новиот интерконтинентален проектил е изненадување. Горд сум на корејскиот народ. Им честитам на научниците од националната одбрана и техничарите кои придонесоа за ефикасноста на пробата.“
Овој пат, немаше движење над јапонска територија, така што слетувањето се случи на околу 250 километри од северното крајбрежје на Северна Кореја. За 53 минути проектилот Хвасонг-15 прелета 950 киломтери на височина од 4,475 киометри, според проценките на војската од Јужна Кореја. Веднаш по најновото тестирање, Сеул возврати со истрелување на свој проектил.
„Основната причина за ракетниот тест може да биде револтот кон американскиот претседател Доналд Трамп кој ја врати Северна Кореја во списокот на земји кои спонзорираат тероризам. Северна Кореја сака да добие признание за држава која поседува нукеларно оружје и да им се спротивстави на САД и меѓународната заедница со повисок статус. Властите се обидуваат да ја комплетираат ракетната програма. Доколку се откаже од оружјето и седне на маса на дијалог, ние ќе прифатиме разговори“, изјави Ли Нак-Јон , премиер на Јужна Кореја.
Советот за безбедност на Обединетите Нации на вонредна седница расправа за најновата закана од непопустливиот Ким Јонг-ун, кој и натаму е рамнодушен кон предупредувањата од Западот. Последното тестирање на балистички проектил се случи во септември, истиот месец кога ја изведе и шестата нуклеарна проба.
Маја Филдишев