Случај „Насилство во Центар“: Уште еден обвинет ја призна вината

29.11.2017 12:57

Петообвинетиот Јордан Ристевски го сторил тоа пред судијката да го одложи рочиштето и да го презакаже на седми декември. Обвинителката Фетаи побара раздвојување на судењето.

Уште еден обвинет за случајот „Насилство во Центар“ ја призна вината. Петообвинетиот Јордан Ристевски го сторил тоа пред судијката да го одложи рочиштето и да го презакаже на седми декември. Обвинителката Фетаи побара раздвојување на судењето.

Претходно вината ја призна и четвртообвинетиот Томислав Лазаров, кој во раздвоена постапка доби условна шестмесечна казна, доколку во рок од две години не стори друго кривично дело.

По денешното судско рочиште во Кривичниот суд, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски кој е обвинет во предметот на СЈО, изјави дека не чувствува никаква вина и дека не се плаши од санкции.

Рочиштата што се поврзани со ВМРО-ДПМНЕ се закажуваат на еден, два или до четири дена, додека во случаите на Зоран Заев се закажуваат на неодредено време и тоа е таа една видлива нееднаквост, видлив протекционизам од страна судството, рече Груевски.

Во случајот „Насилство во Центар“, покрај Груевски, обвинети се и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, пратеничката Даниел Рангелова и уште 11 други лица.