Уште еден обвинет во „Насилство во Центар“ призна вина
Уште еден обвинет за случајот „Насилство во Центар“ ја призна вината. Петообвинетиот Јордан Ристевски го сторил тоа пред судијката да го одложи рочиштето и да го презакаже на седми декември. Обвинителката Фетаи побара раздвојување на судењето.

Поранешниот советник на ВМРО-ДПМНЕ во општина Центар, Јордан Ристески призна дека поттикнувал насилство за време на протестите во 2013-тата година. Изјави- размислувал за тоа што го сторил и искрено се кае. Признанието рече- го дава доброволно и е свесен за последиците. Побара од судот поблага казна. Нему му се суди во одвоена постапка. Обвинителството побара осудителна пресуда, а што ќе одлучи судот, ќе биде соопштено утре.
Претходно, советникот на ВМРО-ДПМНЕ во општина Центар, Томислав Лазаров ја призна вината, за што беше осуден на шестмесечна условна затворска казна, ако во период од две години не стори ново кривично дело.
На главната расправа за насилството во општина Центар, обвинителката Фетаи оцени дека поранешниот премиер Никола Груевски немал елементарна почит кон судот и обвинителството затоа што доцнел на главната расправа близу 20 минути, а при тоа не се извинил.
Обвинителниот предлог за насилството во општина Центар опфаќа 14 обвинети. Ново рочиште е закажано за 7-ми декември.
Анита Димитријевска