КОРЕЈСКА КРИЗА

Вашингтон бара построги санкции за Пјонгјанг

30.11.2017 10:37

На вонредната седница на Советот за безбедност на ОН, американската амбасадорка во Светската организација Ники Хејли побара од меѓународната заедница да ги зајакне санкциите против Северна Кореја.

Вашингтон со ново предупредување до севернокорејските власти откако Пјонгјанг ги тестираше новите интерконтинентални ракети со дострел до САД.

На вонредната седница на Советот за безбедност на ОН, американската амбасадорка во Светската организација Ники Хејли побара од меѓународната заедница да ги зајакне санкциите против Северна Кореја.

Истакна дека САД од Кина побарале да престанат да ја снабдуваат Северна Кореја со нафта.

Северна Кореја лансираше нов тип интерконтинентална балистичка ракета Хвасонг-15, која падна во Јапонското Море, а има дострел до целиот континентален дел на САД.