Кривичен суд
Пресуда за петообвинетиот за случајот „Насилство во Центар“
30.11.2017 10:54
Обвинителката Фатиме Фетаи побара постапката за него да се раздвои и судењето за него да продолжи веднаш.

Кривичниот суд во Скопје денеска треба да ја донесе пресудата за петообвинетиот во предметот на Специјалното јавно обвинителство- „Насилство во Центар“, Јордан Ристевски, кој на вчерашното рочиште самоиницијативно призна вина.
Обвинителката Фатиме Фетаи побара постапката за него да се раздвои и судењето за него да продолжи веднаш.
Судењето на преостанатите 13 обвинети во предметот „Насилство во Центар“ е закажано за 7-ми декември.