Собрание

Усвоено барањето за притвор на шестмината пратеници на ВМРО-ДПМНЕ

30.11.2017 12:55

На седницата на Комисиајта за деловнички мандатно- имунитетни прашања не присуствуваа пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Се гласаше поединечно за секој пратеник одделно, а резултатот беше идентичен, со пет гласа „за“, беше прифаќан предложениот заклучок од претседателот на Комисијата, Богоевски.

Комисијата за деловнички и мандантно- имунитетни прашања денеска напладне за само половина час донесе заклучоци со кои на Собранието му се предлага да бидат одземени мандатите на шесте пратеници. На седницата не присуствуваа пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Се гласаше поединечно за секој пратеник одделно, а резултатот беше идентичен, со пет гласа „за“, беше прифаќан предложениот заклучок од претседателот на Комисијата, Богоевски.

Барањата за одземање на имунитетот на шестте пратеници ги побараа судиите на претходна постапка, Весна Димишкова и Ненад Савески од Основниот суд- Скопје.

Комисијата е должна во рок од два дена да достави извештај до Претседателот на Собранието. Врз основа на извештајот, Собранието најдоцна во рок од три дена од добивањето на барањето за притвор на пратеникот, одлучува по барањето. За одземање на имунитетот на пратеникот потребно е просто мнозинство.