Собрание

Комисијата предложи одземање на мандатите на шест пратеници

30.11.2017 14:44

Напладне за само половина час Комисијата за деловнички и мандантно- имунитетни прашања усвои заклучоци со кои на Собранието му се предлага да бидат одземени мандатите на шесте пратеници. Барањата за одземање на имунитетот на шестте пратеници беа доставени од судиите на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1. На седницата не присуствуваа пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Петмина пратеници од мнозинството, членови на Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања, гласаа за определување притвор на шестмина нивни колеги од опозицијата. На седницата не присуствуваа членовите на ВМРО-ДПМНЕ.

За Александар Кирацовски, настанот од 27-ми април е напд врз демократијата и уставниот поредок. Тој смета дека правдата треба да излезе на виделина за такви дела да не се повторат во иднина. Рече дека иако им простил на неговите колеги, сепак аргументите за одземање на имунитетот се големи.

Откако Комисијата препорача да се прифати барањето на Судот за одредување притвор за пратениците на ВМРО- ДПМНЕ: Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски, Сашо Василевски, Љупчо Димовски и Жаклина Пешевска, сега Собранието на пленарна седница треба да расправа за одземање на имунитетот. За одлуката потребно е просто мнозинство.

 

Миле Ристески