Пресуда

Случај „Насилство во Центар“: Шест месеци условна казна за Ристовски

30.11.2017 15:15

Ристевски вчера на рочиштето во Кривичниот суд самоиницијативно призна вина.

Поранешниот советник на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Центар, Јордан Ристовски, кој вчера призна вина како обвинет во случајот „Насилството во Центар“ денеска е осуден на шестмесечна условна казна.

Ристевски вчера на рочиштето во Кривичниот суд самоиницијативно призна вина.

Вина за настаните пред општина Центар во јуни 2013, преходно призна и четвртообвинетиот Томислав Лазаров, кој во раздвоена постапка доби условна шестмесечна казна, доколку во рок од две години не стори друго кривично дело.

По однос на другите обвинети за овој предмет, во кој првообвинет е поранешниот премиер Никола Груевски, главната расправа ќе продолжи на 7-ми декември.