Собрание на РМ

Почна седницата за одземање на имунитетот на шест пратеници

01.12.2017 12:29

Почна седницата на Законодавниот дом на која има само една точка- одземање на имунитетот на шестте пратеници. Опозицијата не учествува на пленарката...

Собранието ја почна 25-тата седница на која има само една точка- симнување на имунитетот на шестмината пратеници од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, поради притвор за настаните на 27-ми април.

Претседателот Џафери констатираше дека се присутни 67 пратеници и дека може полноважно да се одлучува. За симнување на имунитетот на пратениците, потребно е просто мнозинство од 61 глас.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека нема да учествува на седницата, нарекувајќи ја „политичка фараса, чија единствена цел е реваншизам, сеење омраза и уништување на сите оние кои што мислат различно“.

Пратениците треба да одлучат за симнување на пратеничкиот имунитет на Крсто Мукоски, Јохан Тарчуловски, Жаклина Пешевска, Љубен Арнаудовски, Љупчо Димовски и Сашо Василевски.