Собранието им го одзеде имунитетот на шестемина пратеници

01.12.2017 12:45

Во Законодавниот дом заврши пленарната седница на која што имаше само една точка на дневниот ред- одземање на имунитетот шестемина пратеници обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. Собранието го одобри барањето за притвор на Кривичниот суд.

Собранието на Република Македонија го одобри барањето на Кривичниот суд за одземање на имунитетот на пратениците Крсто Мукоски, Јохан Тарчуловски, Жаклина Пешевска, Љубен Арнаудов, Љупчо Димовски и Сашо Василевски, поради притвор за насилствата во Собранието на 27-ми април годинава.

За одземање на мандатот гласаа 66 присутни пратеници на денешната 25 седница.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ не учествува на седницата. Според нив, седницата е „политичка фараса, чија единствена цел е реваншизам, сеење омраза и уништување на сите оние кои што мислат различно“.