Груевски: Ќе поднесам оставка пред органите на партијата

01.12.2017 15:22

СДСМ ќе се кае за ова што го прави, а народот ќе си ја врати државата- ова го изјави во интервју за портал, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски...

Ќе поднесам оставка пред органите на партијата, еден ден СДСМ ќе се кае за ова што го прави, а народот ќе си ја врати државата. Ова го изјави во интервју за портал, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Целта е да се удри по ВМРО- ДПМНЕ како партија која се грижи за националните интереси на Македонците и на сите граѓани во Македонија. Можеби сега сето тоа на СДСМ им изгледа дека ќе помине и ќе се заборави, дека многу долго ќе се на власт, но времињата ќе се променат и еден ден длабоко ќе се каат за тоа, вели Груевски во интервјуто.