Протестен марш за поддршка на приведените
Запирање на неправдите и на политичкиот прогон во земјава, побара лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на вчерашниот протестен марш. Упати и критики до премиерот Заев за економијата, надворешната политика, Планот 3-6-9. Маршот за поддршка на приведените од 27-ми април тргна од Министерството за правда, а заврши пред Владата. За денеска е најавен нов протест...

Бараме слобода за патриотите, потребно е да се запре со политичките прогони против нашите пратеници и луѓето кои си ја бранеа државата во Собранието, тие не се терористи туку луѓе кои си ја сакаат својата земја, ова го порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на протестот пред Владата. Бареме слобода за неправдно притворенинте да запрат хајките и местенките, притисоците и заплашувањата, на Македонија ѝ е потребно обединување, реформи, инвестиции, нови работни места, рече Груевски пред граѓаните.
На маршот за правдината и татковината зборуваше и ќерката на поранешниот шеф на БЈБ, Митко Чавков. Мојот татко, Митко Чавков нема ништо сторено за да заслужи ваков третман, немаат ништо сторено ниту останатите притворени, единствено нешто за кое што се виновни е што си ја сакаа Македонија, рече пред граѓаните, Зорица Чавкова.
Од ВМРО-ДПМНЕ најавија нови протести. Денес членството и подржувачите ќе бидат пред Министерството за правда. Од партијата велат дека нема да се откажат сѐ додека не ги ослободат неправедно приведените лица за собраниските настани од 27-ми април, и се додека не запре, како што рекоа, политичкиот прогон и реваншизам кон членството на ВМРО-ДПМНЕ.
Викторија Милевска
