Цени на зелените пазари во ноември

14.12.2017 10:25

На зелените пазари овој ноември најскапо се продава јаболкото. Кај гравот пак, иако се најавуваше помал род еден килограм чини само за четири проценти повеќе во однос на лани. Нелогична е цената на оризот која е поевтина и покрај двојно помалиот род годинава.

Карактеристика за минатиот месец е зголемената цена на јаболкото споредено со истиот период лани, како на зелените пазари така и на пазарите на големо. Ова се должи на раните пролетни мразеви кои го зафатија Ресенско- преспанскиот рергион.

Златениот делишес поскапел најмногу и чини 39 денати за килограм, односно за 43 проценти повеќе споредено со ланската цена.

Поскапо се продаваат кивито и калинката, а бананите, бадемите и цитронот се поевтини.

Од зеленчукот поевтино се продавале модар патлиџан за 44, бруколата 25, карфиолот 15 и за 13 проценти црвената пиперка.

Боранијата оваа година е поскапа за 28, зелката 16, цвеклото 7, гравот за 4 и оризот за 7 проценти.

Оризот лани чинел 68, а годинава иако родот и понудата се преполовени, на зелените пазари се продава за 63 денари за килограм.

 

Методија Трајков