Пињера- нов претседател на Чиле
18.12.2017 11:06
Неговиот противкандидат, левичарот Алехандро Гиљијер го призна поразот и го повика Пињера да продолжи со спроведувањето реформи што го почна претседателката во заминување Мишел Башле.

Милијардерот и поранешен претседател Себастијан Пињера победи на претседателските избори во Чиле со освоени 54,57 насто од гласовите. Неговиот противкандидат, левичарот Алехандро Гиљијер го призна поразот и го повика Пињера да продолжи со спроведувањето реформи што го почна претседателката во заминување Мишел Башле.
Новоизбраниот претседател во првиот изборен круг се сметаше за фаворит, но освои помалку гласови од очекуваното. Во текот на кампањата вети намалување на даноците и брз економски раст.
