Израелски воздушни напади врз позиции на Хамас

18.12.2017 11:58

Медицински извори во Газа изјавиле дека ракетите ги погодиле своите цели и предизвикале сериозни штети, но додале дека нема загинати луѓе.

Израелски воени авиони изведоа воздушни напади врз воени позиции на екстремистичкото движење Хамас во северниот дел на Газа, како одговор на ракетен напад од појасот врз јужен Израел.

Медицински извори во Газа изјавиле дека ракетите ги погодиле своите цели и предизвикале сериозни штети, но додале дека нема загинати луѓе.

Израелските одбранбени сили сметаат дека терористичката организација Хамас е одговорна за овој непријателски чин.