Истражување

Македонија останува транзитна земја за мигрантите

18.12.2017 14:10

Македонија останува транзитна земја за мигрантите- покажало истражувањето спроведено од фондацијата „Конрад Аденауер“ финансирано од Европската унија. Низ Македонија од 2015-та минаа над милион мигранти кон Европа...

Само три и пол дена мигрантите остануваат во земјава, пред сѐ поради здравствената заштита што им е овозможена, покажало истражувањето спроведено од фондацијата „Конрад Аденауер“, Здружението на правници и невладината „Атина“ од Србија.

Нашата земја останува транзитна за бегалците. Тие, пак, што се наоѓаат во транзитните центри во Гевгелија и во Куманово, и во Центарот за азил во Визбегово, изразиле задоволство од примарните услови односно од храната, водата и облеката, вели националниот коменаџер на проектот, Јованов.

Истражувањето упатува дека е потребно подигнување на свеста, не само на локалните власти туку и на локалното население за евентуално интегрирање на бегалците во нивната средина.

Рана интеграција на барателите на азил, градење капацитети на локалните власти, вклучување на невладиниот сектор во носењето политики, како и заштита на ранливите групи, се само дел од заклучоците од истражувањето.

 

Фиљана Кока