Димитров- Сијарто

Унгарска поддршка за Македонија во НАТО и во ЕУ

18.12.2017 14:53

„Унгарија останува најгласниот поддржувач на напорите на Македонија за интеграцијата во Европската унија и во НАТО“, порака од министерот за надворешни, Сијарто. Според него, следниот самит на Алијансата е незамислив без проширување. Сака Брислел да одреди датум за преговори со земјава следниот февруари. Димитров со став- цврсто сме решени да направиме сѐ за да не го пропуштиме следниот воз за Европа во 2018-та.

Следниот НАТО самит е незамислив без прашањето за проширувањето, а сакаме во февруари ЕУ да одреди датум за преговори со Македонија, истакна шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто од Скопје. Неговиот македонски колега Никола Димитров пак истакна решителност за вложување на сериозни напори, а информираше и дека разговорите за името ќе продолжат по празниците.

„За кратко време успеавме да внесеме нов квалитет во односите со ЕУ. Го запознав министерот и со политиката на добрососедство и нашата инвестиција во добрите односи со соседите“, рече шефот на дипломатијата Димитров.

Ние ги почитуваме оние земји што се подговени да ја сопрат илегалната мигрантска криза и да си ги одбранат границите, порача шефот на унгарската дипломатија, Сијарто.

„Ние се соочуваме со најлоша безбедносна состојба во последните декади во Европската Унија, а откако почна кризата со илегалната миграција се соочуваме и со најсериозната борба против тероризмот. Сорос има промигрантска позиција, а позицијата на владата на Унгарија е многу јасна, ние сакаме да ја запреме“, рече унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто.

Беше контатирана и добрата економска соработка меѓу двете земји, како и фактот дека трговската размена минатата годиуна порасанала за 45 проценти.

 

Марија Котовска