ВМРО-ДПМНЕ: Во 21 век имаме политички затвореници
18.12.2017 15:07
ВМРО-ДПМНЕ смета дека Македонија е заробена држава, бидејќи во 21-от век се уште се апсат луѓе поради искажани политички ставови.

И вечер протест на ВМРО-ДПМНЕ, овојпат повторно пред Истражниот затвор Скопје во Шуто Оризари. Бараат сите незаконски постапки да бидат ревидирани за да се постапува според државната регулатива.
ВМРО-ДПМНЕ смета дека Македонија е заробена држава, бидејќи во 21-от век се уште се апсат луѓе поради искажани политички ставови. Земјава, според оваа партија, е единствена држава која се стреми за интеграција во ЕУ и НАТО, а има политички затвореници во затворите.
Попладнево, до 17 часот блокади на неколку раскрсници во Скопје.
