Продолжува судењето за случајот „Сопот“

20.12.2017 13:25

Адвокатот Вулнет Пачуку, по рочиштето, изјави дека клучниот сведок денеска во повеќе детали објаснил во целост како се случило и дека тој не може да биде ниту обвинет, ниту сведок, туку само жртва на овој настан.

Во Кривичниот суд денеска беше сослушан еден од сведоците за случајот „Сопот“. Тој, не го сменил исказот што го дал во истрагата.

Адвокатот Вулнет Пачуку, по рочиштето, изјави дека клучниот сведок денеска во повеќе детали објаснил во целост како се случило и дека тој не може да биде ниту обвинет, ниту сведок, туку само жртва на овој настан.

Десет лица се обвинети за тероризам, односно дека подметнале експлозивна направа на локалниот пат Сушево- Сопот кога загинаа двајца НАТО војници од Полска и еден македонски државјанин во експлозија на поставена мина.

Следното рочиште Судот го закажа на 6-ти февруари 2018-та година.