Уставен суд: Граѓаните исклучени од парно ќе плаќаат паушал
Од Судот велат дека по членот 66 од Законот за енергетика решавале во 2013 година и уште тогаш иницијативата е отфрлена. Приближно 12 илјади домаќинства исклучени од парното, секој месец плаќаат паушален износ од 500 до 1.200 денари зависно од површината на станот.

Останува обврската за плаќање паушал за граѓаните исклучени од системот за снабдување со топлинска енергија. Уставниот суд ја отфрли граѓанската иницијатива за преиспитување на одлуката на Регулаторната комисија за енергетика.
Од Судот велат дека по членот 66 од Законот за енергетика решавале во 2013 година и уште тогаш иницијативата е отфрлена. Приближно 12 илјади домаќинства исклучени од парното, секој месец плаќаат паушален износ од 500 до 1.200 денари зависно од површината на станот.
Исклучените граѓани од системот на БЕГ најавија и тужба пред Меѓународниот суд за човекови права во Стразбур.
Во 2009-та година Уставниот суд ја укина одредбата со која на граѓаните им беше наметната обврска да плаќаат 50 насто од сметката за парно, но сега одлучи да се произнесе како ненадлежен.
