Шекеринска: Јубилејна награда за сите припадници на МО и АРМ со 15 и повеќе години стаж

20.12.2017 14:35

Министерството за одбрана и репрезентативниот синдикат на одбраната, денеска потпишаа измена на колективниот договор во членот 97, со која се овозможува јубилејна награда предвидена со колективниот договор...

Ќе се исплаќа јубилејната награда во одбрана, соопшти ресорната министерка Шекеринска. Оние со 15 години стаж ќе добијат плус една просечна плата, а бидејќи наградата не била исплаќана четри години ретроактивно ќе ја добијат и оние кои не го искористиле оваа право предвидено во колективниот договор.

Колективниот договор, потпишан уште во 2013 година предвидуваше на вработените во МО и АРМ за непрекината работа во траење од 15 години да им се доделува јубилејна награда од висина од една просечна плата. Цели четири години оваа одредба не се спроведувала и ниту една јубилејна награда на ниту еден припадник на АРМ и вработен во МО не го добил ова право, рече Шекеринска.

За синдикалниот лидер, ова е чекор кон решавање на проблемите во Министерството за одбрана.