Забрана за дочек на Нова година на истанбулскиот плоштад Таксим

21.12.2017 12:04

Во изминатите две години, во Турција се случија неколку смртоносни напади, вклучувајќи го и оној во истанбулскиот ноќен клуб „Реина“ каде што маскирано лице усмрти и повреди многумина.

Од безбедносни причини, турските власти забранија новогодишна прослава на истанбулскиот плоштад Таксим.

Во изминатите две години, во Турција се случија неколку смртоносни напади, вклучувајќи го и оној во истанбулскиот ноќен клуб „Реина“ каде што маскирано лице усмрти и повреди многумина.

Напаѓачот Машарипов  требал да изврши напад на Таксим, но лидерите на Исламската држава му наредиле да пронајде нова цел, бидејќи на плоштадот немало услови за акција.