Хаг: Церемонија за затворање на трибуналот

21.12.2017 12:30

Основан е на 25 мај 1993 година од Советот за безбедност на обединетите Нации со цел да се осудат воените злосторници од југословенската војна.

Со свечена церемонија се одбележува затворањето на Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија, познат како „Хашки трибунал“, а за десет дена и официјално ќе змаине во историајта.

На настанот присуствуваат претставници од поранешните југословенски републики чиишто државјани беа изнесувани пред Судот во изминатите 24 години.

Основан е на 25 мај 1993 година од Советот за безбедност на обединетите Нации со цел да се осудат воените злосторници од југословенската војна.

Со работа престана на 30 ноември кога беа прекинати сите првостепени постапки, а останатите случаи ги презеде т.н. Механизам за меѓународни кривични судови.