Средба Заев- Села
21.12.2017 14:59
Заев и Села разговараат за останувањето на Алијансата на Албанците во Владата...

Ќе остане ли Алијансата на албанците на Зијадин Села коалициски партнер во Владата на премиерот Заев, ќе биде појасно по средбата, која се одржува во Владата.
Села треба да реши како ќе дејствува неговата партија, откако Заев за министерството за здравство реши да го кандидира Венко Филипче, а на Алијансата ѝ е понудено вицепремиерското место за реформи.
Не се исклучени и опциите Села да побара позиции кои според него треба да бидат со иста тежина како изгубеното Министерство за здравство.
