Османи: 2018-та е историска година за евроинтеграциските процеси
Постои сериозна можност уште во 2018-та година да ги започнеме преговорите за полноправно членство во Европската унија, смета вицепремиерот за евроинтеграции...

Следната, 2018-та е историска година за евроинтеграциските процеси во Република Македонија, кога, како никогаш порано, ни се отвора прозорец на можности за да направиме сериозен исчекор и конечно, да ги затвориме прашањата за ЕУ и НАТО, изјави вицепремиерот Бујар Османи на отворањето на работилницата за предизвиците во 2018-та во Струга.
Доколку успешно ги адресираме предвидените реформи, но и согласно успешноста во адресирањето на отворените политички прашања, постои сериозна можност уште во 2018-та година да ги започнеме преговорите за полноправно членство во Европската унија, изјави Османи.
