Над три илјади кандидати на конкурсот за полицајци

21.12.2017 16:03

Иако е голем интересот, министерот Спасовски посочи дека кандидатите што ќе почнат со обука мора да ги исполнуваат сите критериуми наведени во конкурсот.

Над три илјади кандидати се пријавиле на конкурсот за полицајци. Почна физичката селекција. Обуката ќе ја следат 500 кандидати.

Иако е голем интересот, министерот Спасовски посочи дека кандидатите што ќе почнат со обука мора да ги исполнуваат сите критериуми наведени во конкурсот.

Раководството на МВР најави реформи во Центарот за обука во Идризово во однос на надградбата на знаењето на полицајците.