Нема договор меѓу Заев и Села, Алијанса на Албанците инсистира на министерско место во здравство
„Не прифаќаме позиции во Владата со кои ќе бидеме омаловажени“, изјави лидерот на Алијансата на Албанците, Села по средбата со премиерот на која се разговарало за идното учество на партијата во Владата. Села со предлог до Заев- да стокми позиција заменик- премиер за носење бурек која потоа ќе ѝ ја препушти на ДУИ...

Претседателот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села не се откажува од Министерството за здравство. По средбата со премиерот Зоран Заев на која се разговарало за испразнетите ресори, рече дека својот конечен став за останувањето во коалицијата ќе го соопшти по изборот на нов министер.
За него е неприфатливо да се измислуваат функции преку ноќ за Алијансата да остане во кабинетот.
„Ние остануваме на нашите ставови дека нема да прифатиме позиции кои се токмат преку ноќ и да се омаловажува Алијансата за Албанците. Такво нешто нема да прифатиме. Му дадов предлог на премиерот да стокми уште една позиција за што би било заменик премиер за носење бурек, и после таа позиција ќе и ја дадам на ДУИ за да именуваат некој нивен министер“, изјави Зијадин Села, претседател на Алијанса на Албанците.
Предлогот на партијата на Села за министер за здравство е Вулнет Ферати.Владата соопшти дека за овој ресор го предлага Венко Филипче.
Игор Панов
