Одлуката за екстрадиција на Грујевски и Бошкоски одложена за 5-ти јануари

22.12.2017 14:51

Одлуката требаше да биде соопштена денеска, но поради неможност да биде обезбедн преведувач на македонски јазик, на што инсистирале адвокатите на обвинетите, тоа е одложено за 5-ти јануари.

Судската пресуда во Солун за екстрадиција поранешните разузнавачи Грујевски и Бошкоски, обвинети во предметот „Таргет- Тврдина“ на СЈО, е одложена за 5-ти јануари, поради необезбеден преведувач на македонски јазик.

Пресудата за екстрадицијата следува по рочиштето одржано во средата, на кое што сведочеше поранешниот претседател на комисијата за справување со дискриминација, Александар Даштевски.

Освен за екстрадицијата, Грујевски и Бошковски имаат уште два други процеса во Грција. Едниот е за фалсификуваните пасоши со кои беа фатени на солунскиот аеродром, при обид да заминат за Будимпешта. Судењето по три одложувања ќе се одржи на 17-ти мај следната година. Другиот случај е по поднесеното барање за азил на 29-ти ноември.

Грујевски и Бошковски во меѓувреме остануваат во притвор во близина на Солун.