Агенција за пошти: Онлајн тргување само со проверени продавачи

22.12.2017 15:04

Агенцијата за пошти повика на онлајн тргување само со проверени продавачи. Најголем број на жалби се забележани за доставата на производи преку интернет...

Кога некој продава неовластено на социјалните мрежи се обраќа до поштенски оператор. Тој  ја доставува пратката и при евентуално утврдување на оштетеност,  купувачот одговорноста ја префрла единствено врз операторите. Ова е најчест пример  со кој се соочува Агенцијата за пошти. Оттаму повикаа да се тргува онлајн само со проверени продавачи и да се внимава дали е лиценциран поштенскиот оператор. Според нив, потребно е заокружување на законодавството за претходно утврдување на правото на продавање преку социјалните мрежи.

Граѓаните можат да добијат и петнаесеткратна отштета доколку онлајн го не добијат производот. Сепак, тоа ретко се пријавува кај Агенцијата за пошти поради долготрајните постапки.

Агенцијата за пошти од наредната година ќе промовира портал и апликација кои ќе овозможуват електронско испраќање поплаки. Од Агенцијата побараа промени во Законот за поштенските услуги.

Во јануари 2019-та поштенскиот пазар треба целосно да се либерализира.

 

Ана Јосифоска- Тодровска