Собрание на РМ

Констатирани оставките на Пендаровски, Ковачевски и Ибраимовски, Амди Бајрам ќе биде пратеник од Сојузот на Роми

22.12.2017 15:56

Собранието ги констатираше оставките на пратениците Стево Пендаровски и Васко Ковачевски, и на министерот без ресор, Самка Ибраимовски. На денешната седница, пратеникот Амди Бајрам соопшти дека ќе делува како претставник на партијата Сојуз на Ромите, а не како дел од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ...

Поранешниот министер без ресор Самка Ибраимовски стана пратеник. Дојде на местото на Васко Ковачевски кој стана директор на РЕК Битола. Наследник на Стево Пендаровски, кој е поставен за национален координатор за НАТО, ќе биде Далибор Богдановски.

Амди Бајрам, претседателот на Сојузот на Ромите кој што беше дел од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, најави дека во Законодавниот дом ќе дејствува само во името на неговата партија.

„До денеска бев пратеник од Сојузот на Ромите во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, а од денеска ќе делувам како пратеник од Сојузот на Роми“, изјави пратеникот Бајрам.

На седницата, пратениците ја усвоија одлуката за продолжување на рокот за постоење на кризна состојба заради зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата земјава.

Игор Панов