Италијанскиот Сенат го отфрли Предлог- законот за стекнување на државјанство
25.12.2017 11:17
Целта на реформата е да се смени актуелниот „закон на крв“ во „право на земја“...

Италијанскиот Сенат е против нацрт-законот за државјанство поради што веројатно ќе бидат свикани нови избори. Причина за поделените мислења кај пратениците и кај граѓаните е бегалската криза.
Целта на реформата е да се смени актуелниот „закон на крв“ во „право на земја“ што подразбира дека државјанството ќе се пренесе ако барем еден родител е Италијанец, ако постои целосно школување во Италија и ако родителите престојувале најмалку 5 години на нејзината територија.
Ваков закон се спроведува и во Франција, Белгија, Велика Британија и во Португалија.
