Стејт Департмент: Можни напади во Европа за Божик и Нова година
Предупредувањето важи до крајот на јануари 2018-та за туристичките места на стариот континент, транспортни станици и аеродроми, божикни пазари и шопинг центри, хотели, ресторани, ноќни клубови, паркови, напревари, концерти и други јавни манифестации.

Стејт Департментот предупреди дека се можни напади во Европа за време на Божик и Нова година. Предупредувањето важи до крајот на јануари 2018-та за туристичките места на стариот континент, транспортни станици и аеродроми, божикни пазари и шопинг центри, хотели, ресторани, ноќни клубови, паркови, напревари, концерти и други јавни манифестации.
Напаѓачите коишто се приврзаници на Исламската држава може да употребат оружје, експлозиви, возила и остри предмети што тешко се забележуваат пред нападот. Глобалната коалиција против насилниот екстремизам, чија членка е и Македонија, направи список на странски борци коишто се наоѓаат и во Европа.
„Направен е неверојатен напор за странските борци од страна на сите членки на коалицијата. Работиме со еден од најновите членови, Интерпол, и досега имаме околу 40 илјади имиња од 60 држави на припадници на ИДИЛ коишто се обиделе или патувале во Ирак и во Сирија“, изјави Брет Мекгрк, специјален пратеник за антитерористичката коалиција.
Во последниве месеци имаше терористички напади во Франција, Русија, Шведска, Британија, Финска, Шпанија, а минатата година напад на Божикен пазар во Германија и клуб во Истанбул, Турција за време на новогодишната ноќ.
Нивото на безбедност на највисоко во Лондон и Париз. Во Истанбул е откажана прославата за Нова година на плоштадот Таксим.
Ирина Гелевска
