Истражување: Најдобри улуги во МВР, најлоши во Центарот за социјални услуги
Најдобри услуги граѓаните добивале од Министерството за внатрешни работи при издавање лични документи, а најлоши од Центарот за социјални услуги, ова го пoкажало истражувањето на Центарот за европски стратегии, реализирано во соработка со Македонската платформа против сиромаштијата...
Граѓаните најзадоволни од услугата на Министерството за внатрешни работи за издавање документи, најмногу критики за Центарот за социјални услуги- ова го пoкажува истражувањето на Центарот за европски стратегии. Се опипувал пулсот на јавноста за работењето на јавната администрација. Според Извештајот, најмногу се чека на шалтерите на Агенцијата за вработување, а најкомплицирана е постапката за добивање документација за нега од трето лице или за инвалидско помагало.
Според Македонската платформа против сиромаштијата, организација што исто така учествувала во спроведувањето на ова истражување, јазот меѓу богатите и сромашните се продлабочуваа, а тоа уште повеќе го отеженува пристапот до јавните услуги за ранливите групи.
Од Министерството за информатичко општество и администрација велат дека се важни ваквите истражувања за да се детектираат проблемите. Најавуваат поефикасни електронски услуги и олеснет пристап до нив за сите граѓани.
Во моментов, јавната администрација дава околу 150 јавни услуги.
Дијана Ценевска
