Љубомир Јовески избран за државен јавен обвинител, вети дека ќе се дистанцира од извршната власт

25.12.2017 16:06

„Чест, но и голема одговорност“- новиот државен јавен обвинител Љубомир Јовески даде свечена заклетва. Вети дека ќе ја врати довербата во институцијата, ќе се дистанцира од центрите на моќ и ќе гони криминалот врз основа на факти и докази. Тој во Законодавниот дом доби поддршка од 61 пратеник, еден гласаше воздржано.

„Ќе ја вратам изгубената доверба во обвинителството и ќе се дистанцирам од центрите на моќ“, заклетва на новиот државен обвинител, Љубомир Јовески. Вели дека е пред голем предизвик обвинителството да го профилира како професионална институција што ќе ги гони сторителите на кривични дела.

„Ќе работам обвинителството да ја зашитува законитоста и да обезбедуа владеење на правото во Република МакедонијаЈа уверувам јавноста дека Обвинителството ќе се дистанцира од извршната власт и другите центри на моќ и ќе биде самостоен државн орган надлежен за гонење на криминалот“, изјави новиот јавен обвинител, Јовески.

Јовески беше избран со 61 глас „за“ и 1 воздржан, без присуство на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. Во третиот обид, парламентарното мнозинство успеа да обезбеди кворум.

Во биографијата на Јовески е запишано дека бил судија, претседател на скопска двојка, заменик обвинител, а за прв човек во Основното јавно обвинителство доаѓа од позицијата член на Советот на обвинители.

 

Миле Ристески