Средба Иванов- Мицкоски
25.12.2017 16:10
Како што наведуваат од Кабинетот на шефот на државата, Иванов на Мицкоски му го честитал изборот и му посакал успех во вршењето на функцијата...

Претседателот Иванов го прими новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ. Како што наведуваат од Кабинетот на шефот на државата, тој на Мицкоски му го честитал изборот и му посакал успех во вршењето на функцијата.
Претседателот Иванов изразил очекување дека ВМРО-ДПМНЕ како најголема опозициска партија, активно ќе дава придонес во процесите за остварување на стратешките цели на државата, како и за зачувувањето на суверенитетот, територијалниот интегритет и самостојност на Република Македонија- се вели во дописот од кабинетот на Иванов.
