Откажан штрајкот на машиновозачите
25.12.2017 16:47
Очекуваат до крајот на неделава во целост да им биде исплатена ноемвриската плата.

Откажан е утрешниот штрајк на машиновозачите. Вработените во МЖ-Транспорт се договорија да не ја спроведат претходно донесената одлука. Очекуваат до крајот на неделава во целост да им биде исплатена ноемвриската плата.
Владата во петокот соопшти дека парите се обезбедени, бидејќи ЕЛЕМ и МЕПСО ќе дадат заем.
Пред околу две недели, вработени во МЖ-Транспорт целосно го блокираа железничкиот сообраќај.
