Притвор од 30 дена и за останатите четири лица учесници во собраниските настани

25.12.2017 16:54

Од Кривичниот суд велат дека се донесени решенија за нивно лишување од слобода откако ќе бидат пронајдени.

Судија на претходна постапка им одреди 30-дневен притвор на четворицата, кои сѐ уште се недостапни на органите на прогонот, а кои се опфатени во предметот за собраниските настани од 27-ми април.

Судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1, по добиено известие од надлежните органи дека лицата А.В., Н.М., М.Д. и Д.Д. опфатени со предлогот на ОЈО за гонење организиран криминал и корупција за определување мерка притвор, а во врска со настаните од 27 април во Собранието на РМ, се недостапни на органите за прогон, донесе решенија со кои на сите им определи мерка притвор во траење од 30 дена по нивно пронаоѓање, односно лишување од слобода, поради постоење на причините предвидени во ЗКП, се наведува во денешното соопштение од судот.

Од Кривичниот суд велат дека се донесени решенија за нивно лишување од слобода откако ќе бидат пронајдени. Донесена е наредба за распишување потерница.