Седница на Синодот на МПЦ
26.12.2017 10:20
Пред неколку дена, во Софија се одржа средба меѓу претставници на комисиите на двете цркви. Владиката Петар вчера изјави дека очекува работите да се постават правилно, согласно со нашите посебности.

Денеска седница на Синодот на Македонската православна црква, на која меѓу другото се очекува да се детализираат одредени ставови по барањето до Бугарската црква да биде духовна мајка на МПЦ, за да помогне во воспоставувањето на автокефалниот статус.
Пред неколку дена, во Софија се одржа средба меѓу претставници на комисиите на двете цркви. Владиката Петар вчера изјави дека очекува работите да се постават правилно, согласно со нашите посебности.
Синодот ќе разгледува и други теми, меѓу кои и за просветните институции и финансиите.
