Батерија за смартфони со најбрзо полнење досега
26.12.2017 11:58
Тестовите покажуваат дека на батеријата и е потребно час и дваесет минути да се наполни од нула до 100 отсто, што и се очекува од технологијата на брзо полнење.

Батериите за паметни телефони последниве години се зголемија, но капацитетот се уште е во опсег од 3.000 милиампер часови.
Затоа, „Хуавеј“ си постави цел - во својата „Мејт 10“ серија да вгради батерии од 4.000 милиампер часови.
Тестовите покажуваат дека на батеријата и е потребно час и дваесет минути да се наполни од нула до 100 отсто, што и се очекува од технологијата на брзо полнење.
За споредба на „Гугл Пиксел 2 Икс-Ел“, на пример, за целосно полнење му треба значително повеќе време - два часа и 43 минути, а на „Ноут 8“ - еден час и 47 минути.
