Собрание

Виза за законот за ратификација на договорот со Бугарија

26.12.2017 14:05

Собраниската Комисија за надворешна политика даде виза на Предлог- законот за ратификација на Договорот за добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ не учествуваше во расправата...

Едногласно и без присуство на опозицијата, собраниската Комисија за надворешна политика го усвои Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија.

Ратификацијата на договорот треба да придонесе за членство на Македонија во ЕУ и во НАТО, оцени предлагачот. Со договорот се предвидува формирање Комисија во Владата за разгледување на историските факти.

Новоформираната владина комисија ќе поднесува годишен извештај до надлежните, и до Софија и до Скопје, за развојот на добрососедството меѓу двете земји.

 

Ирина Гелевска