Синодот на МПЦ-ОА го разгледува и писмото до БПЦ

26.12.2017 15:14

На маса и барањето до Бугарската православна црква да биде мајка- црква на МПЦ, потврди портпаролот, владиката Тимотеј.

Синодот на Македонската православна црква- Охридска архипиекопија одржува седница. На маса и барањето до Бугарската православна црква да биде мајка- црква на МПЦ, потврди портпаролот Тимотеј.

„Ќе се разговара бидејќи тоа е актуелно во овој момент. Се надевам дека ќе се постигне едномислие“, изјави митрополитот на Дебарско-кичевската епархија, и портапрол на САС на МПЦ-ОА, владиката Тимотеј.

На седницата, теми се и просветните институции и финансиите. Синодската седница е прва по средбата што во Софија пред неколку дена ја имаа претставници на комисиите на двете цркви.