Продолжуваат разговорите меѓу МПЦ-ОА и БПЦ
Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква- Охридска архиепископија одржа седница. Прифатен извештајот од почнатите разговори со Бугарската црква. Решено, комисиите од двете страни да продолжат да работат. Основната цел е автокефалност- изјави владиката Тимотеј. Став и за непромена на Уставот, името, за зачувување на јазикот...

Без многу детали синодот на МПЦ- Охридска архепископија го прифатил извештајот од првиот состанок на комисиите на Македонската и Бугарската црква. Владиката Тимотеј оптимистички вели- основното барање е автокефалност за МПЦ. Бугарската делегација и официјално ќе го извести Цариград по Нова година, кога ќе замине таму поради реставрација на нивна црква.
Тимотеј со дециден одговор околу српските констатации, оти од разговорите со Бугарската црква не може да произлезе никакво дејство.
Никој од македонскиот црковнио клир, вели портпаролот на Синодот не го доведува во прашање нашиот идентитет, јазикот и посебноста на државата. Синодот повторно апелира до државните фунционери, да се зачува Уставот на земјата, при тоа нагласувајќи дека ги подржуваат правата на сите етнички заедници.
Разговорите меѓу Македонската и Бугарската црква се очекува да продолжат по Божикните празници.
Миле Ристески
