Најмногу снег во Лазарополе, во Охрид и Претор повеќе снег од Крушево
Повеќе снег од Крушево има во Охрид и Претор, каде штo висината на снежната покривка е осум сантиметри. Слаб снег изутринава има во Крива Паланка, а во изминатите часови и во Берово.

Првата снежна покривка годинава нѐ потсети дека и календарски сме во зима. Најмногу снег има во Лазарополе каде што висината на снежната покривка е 17 сантиметри, додека во Крушево наврнале само шест сантиметри.
Повеќе снег од Крушево има во Охрид и Претор, каде штo висината на снежната покривка е осум сантиметри. Слаб снег изутринава има во Крива Паланка, а во изминатите часови и во Берово.
Од АМСМ велат дека сообраќајот на државните патишта утрово се одвива нормално по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег, посебно во западниот и во југозападниот дел од земјата, каде што во текот на ноќта имаше интензивни врнежи од снег.
Забраната за сообраќај за тешки товарни возила преку планинскиот превалец Плетвар е укината изутрината во пет часот.
