Пчеларство

Двојно помало производство на мед

05.01.2018 10:12

Пчеларството претрпе големи штети од климатските промени. Ако во дорби години се добивало по 20 килограми мед од една кошница, во 2017-та приносите беа до пет килограми. Климатските промени ја уништуваат и храната на пчелите, а не е исклучена и можноста да се појават и нови штетници кои доаѓаат од тропските краишта...

Приносот по пчелно семејство за 2017-та беше помал од пет килограми мед по кошница, додека во добрите родни години од едно пчелно семејство можеше да се добие и до 20 килограми мед.

Главен воновник за лошата состојба во пчеларството, според експертите се климатските промени кои најмногу штетат на здравјето на пчелите, предизвикувајќи намален принос и угинување.

Годината почна лошо, велат пчеларите. Прво имаше студена зима која предизвика загуби и штети во кошниците, а подоцна и пролетниот мраз го сотре багремот кој измрзна и до 90 проценти, истото се лучи и со сите овошки, а пчелите останаа без храна, и отидоа и оптимистичките прогнози и надежта за повеќе тегли мед оваа сезона.

Дополнително, според експертите, климатските промени веќе предупредуваат и за нова закана, односно за појавата на нови штетници кои во Европа доаѓаат од тропските краишта.

Методија Трајков