Заев за грчката ТВ Алфа: Во интерес на двете земји е да се најде решение за прашањето за името

05.01.2018 10:20

За името и решение во првите шест месеци од годинава, за Ципрас, Каменос и Мицотакис, за политиката на Груевски и за намерите на Македонија, говори македонскиот премиер во интервјуто за грчката ТВ Алфа, според кусата најава што ја објави самата телевизија...

За името и решение во првите шест месеци од годинава, за Ципрас, Каменос и Мицотакис, за политиката на Груевски и за намерите на Македонија, меѓу другото, говори македонскиот премиер во интервјуто за грчката ТВ Алфа, чие емитување е закажано за недела, на Божик.

Заев вели дека е во интерес и на двете земји да се најде решение за прашањето за името во првата половина на 2018-та година, објавува телевизијата во најавата.

Премиерот ги отфрла практиките на неговиот претходник Никола Груевски и објаснува зошто не се согласува со позицијата на претходните премиери, дека „Скопјаните се единствени наследници на Александар Велики“, наведува телевизијата во најавата за интервјуто, објавена на нејзиниот сајт.