Одобрена екстрадицијата на Грујевски и Бошкоски, двајцата поднеле жалба до Врховниот суд
05.01.2018 11:32
Одлуката беше соопштена зад затворени врати. До Врховниот суд во Атина двајцата веднаш поднеле жалба.
Судот во Солун ја одобри екстрадицијата на ексразузнавачите Горан Грујевски и Никола Бошкоски, кои се во притвор во Грција. Одлуката беше соопштена зад затворени врати. До Врховниот суд во Атина двајцата веднаш поднеле жалба.
Во процесот, двајцата побараа азил во Грција, со образложение дека се плашат за своите животи и дека сметаат оти нема да имаат фер судење.
По Грујевски и Бошкоски беше распишана меѓународна потерница, а беа уапсени на аеродромот во Солун, кога со лажни бугарски пасоши се обиделе да заминат во Будимпешта. Против нив се водат судски процеси за фалсификување патни исправи и за поднесеното барање за азил.
