Православните христијани го празнуваат Свети Наум Охридски- Чудотворец

05.01.2018 12:26

Во црквата Свети Наум Охридски- Чудотворец во Радишани, утринска литургија пред големиот празник Божик. Чиноначалствуваше Архиепископот Охридски- македонски, господин господин Стефан. Кај народот се верува дека свети наум чудотворец имал моќ да лекува.

Непосредно пред големиот празник Рождество Христово- Божик, луѓето кои веруваат во чудотворноста на Свети Наум Охридски дојдоа во истоимениот манастир во скопско Радишани на литургија. Со свеќа в рака се помолија за исцеление.

„За многу години да ни е празникот. Ова е Свети Наум- Чудотворец. Јас пред 20 години бев болна. Лекарите не знаеја да ми ја утврдат дијагнозата. Од овде се излечив.“

„Тука сме 40 и повеќе години, постојано доаѓаме и ја посетуваме црквата.“

„Јас сум од Преспа, одам во охридскиот манастир, но оваа година овој ми е поблиску. Убав, голем празник. Сите да празнувате и да верувате дека има божја сила“- велат верниците кои ги анкетиравме.

За Свети Наум- Чудотворец се верува дека имал моќ да лекува, и за време на животот и по смртта. Им помагал на сите оние кои искрено и со верба му се обраќале, без разлика на вера и народност.

Александра Спировска