Собрание

Договорот за добрососедство со Бугарија пред пратениците на 15-ти јануари

05.01.2018 12:29

Бугарското Собрание го ратификуваше договорот, што премиерите Заев и Борисов го потпишаа лани на 1-ви август.

Предлог- законот за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија на дневен ред на собраниската седница, закажана за 15-ти јануари.

Бугарското Собрание го ратификуваше договорот, што премиерите Заев и Борисов го потпишаа лани на 1-ви август.

Истиот ден, пред членовите на Комисијата за европски прашања, бугарскиот амбасадор во земјава Иван Петков, ќе ги презентира програмата и приоритетите за работа на бугарското претседателство со Европската унија во следниве шест месеци.